Зидан повторно остана без Рамос

Серхио Рамос, капитенот на Реал Мадрид, поради стомачни проблеми ќе го пропушти дуелот против Селта Виго од 17-тото коло во Ла Лига, закажан за утре во 21 часот.

Шпанскиот стопер не беше во можност денес да тренира со остатокот на екипата, по што Зидан повторно го загуби еден од клучните играчи во својот тим. Рамос веќе на двапати сезонава отсуствуваше поради повреди и пропушти шест натпревари.

Останува да се види дали Рамос нема да игра само против Селта, односно дали ќе се врати во екипата Кралевите за гостувањето кај Осасуна на 9 јануари.

- Оглас -

Најнови вести