Зидан вечерва го чека јубилеј како тренер на Реал Мадрид

Реал Мадрид вечерва како домаќин на стадионот „Ди Стефано“ ќе игра против Ејбар, во меч од 28. коло на шпанската Примера дивисион. Кралскиот клуб е апсолутен фаворит, а со победа ќе се врати на само два бода зад лидерот Барселона. Мечот против Ејбар ќе биде посебен за тренерот на Реал, Зинедин Зидан.

Францускиот стратег го очекува 200-тиот меч како тренер на Реал Мадрид. Популарниот Зизу до овој јубилеј требаше да стигне на 13 март, но поради пандемијата од Коронавирусот, три месеци не се играа мечевите во Шпанија.

Зидан седна на клупата на Реал во јануари 2016 година, а дебито му беше одлучно, со победа од 5:0 против Депортиво ла Коруња. Во следните 198 меча, Зидан како тренер со Реал има 131 победи, 42 нерешени и само 26 порази. Од тие порази, 17 му се во првенството, а дури три пати загубил од Бетис, кој е „кошмар“ на Зизу.

Под водство на Зидан, Реал има дадено 486 голови, што е просек од 2,44 по меч. Кралевите на францускиот стратег примиле 209 погодоци. Ако се знае дека Зидан во досегашната тренерска кариера има освоено вкупно 10 трофеи, тоа значи дека Реал со Французинот на клупата во просек освојува пехар на секои 20 натпревари и го прави најуспешен во историјата на клубот

- Оглас -

Најнови вести