Зидан веќе не сака да го види на терен, а неколку  екипи сакаат да го имаат во составот

Реал Мадрид  е на чекор од освојување на титулата во шпанското првенство. Во последните три кола, Реал со две победи сигурно ќе биде шампион без разлика на резултатите на најголемиот ривал Барселона.

И додека Кралевите треба да ја потврдат шампионската сезона, тренерот Зинедин Зидан веќе елиминираше две ѕвезди за следната сезона. Герет Бејл уште лани беше избришан од Зидан, но сепак остана на „Сантијаго Бернабеу“, откако од Реал го стопираа неговиот трансфер во Кина.

Покрај Бејл, на листата на непожелни за Зидан е и Џејмс Родригез. Колумбискиот репрезентативец во 2014 година дојде во Реал, договорот му истекува во јуни 2021 година, но се очекува летово да си замине.

Родригез сезонава одигра само осум меча во Примера и даде еден гол. По враќањето на мечевите во ерата на Коронавирусот, Колумбиецот одигра 78 минути против Реал Сосиедад кога беше заменет и на негово место влезе Марко Асенсио. На останатите седум меча воопшто не влезе во игра, а на последните два дуели не беше ни на клупата за резерви.

И додека Зидан не го сака Родригез во Реал, неколку клубови ја следат ситуацијата и се надеваат дека ќе го доведат во своите редови. Манчестер јунајтед, Вулверхемптон, Арсенал и Евертон се премиерлигашите кои би го виделе Родригез во своите редови, но како опција доаѓа и Атлетико Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести