Зинченко како Икер, си најде украинска Сара Карбонеро (Видео)

Александар Зинченко и неговиот бакнеж по мечот меѓу Украина и Србија, стана вирален хит на социјалните мрежи, а потегот на играчот на Манчестер сити ја збуни репортерката.

Зинченко даваше изјава и потоа ја бакна новинарката која беше збунета, но реагираше позитивно. Слично како што тоа го стори Сара Карбонеро, сега сопруга на Икер Касилјас, кога шпанската голманска легенда ја бакна пред камери.

Не се знае дали Зинченко и репортерката се во врска, но потегот е многу симпатичен, како шлаг на прославата на победата на Украина против Србија со 5:0.

Погледнете.

https://twitter.com/City_Chief/status/1137154979632963585

- Оглас -

Најнови вести