Зицер ситуација за Лил, Покетино не смета на пола тим за францускиот Суперкуп

Лил и ПСЖ утревечер ќе означат старт на новата сезона во Франција, во битката за трофејот во Суперкупот. Данските доги како актуелни шампиони се во пол-позиција да освојат нов трофеј, иако квотите во Sport Life се на страна на Светците (3.45 е „кецот“ на Лил, 2.16 носи победа на ПСЖ).

Имено, Маурисио Покетино нема да смета на неколку клучни играчи, меѓу кои се првите две ѕвезди Мбапе и Нејмар, односно стоперот Маркињо, како и новите членови, Серхио Рамос и голманот Џиџи Донарума.

Рамос и Мбапе не се потполно подготвени за настап и ќе се чуваат за воведното коло од Лига 1, додека останатите уште се на одмор по интернационалните обврски.

Од новите аквизиции на Светците, Хакими и Вајланлдум ќе добијат прилика за официјално деби во дресот на парискиот гигант. Дуелот е закажан во 20 часот и ќе се игра во Тел Авив.

- Оглас -

Најнови вести