Фудбалерот на Наполи, Пјотр Зјелински, е вистински раритет не само во италијанскиот фудбал, туку воопшто во светот на фудбалот. Репрезентативецот на Полска оваа сезона во дресот на Наполи во Серија А упати 40 удари кон противничките голмани, по 20 со левата и со десната нога. Нешто што навистина е реткост во најквалитетните фудбалски лиги.
Piotr Zieliński has attempted more shots while maintaining an exact 50/50 split between right and left foot than any other player in Europe's top five leagues this season.
Perfectly balanced. ⚖️ pic.twitter.com/7CJ18uixDg
— Squawka (@Squawka) March 20, 2023
https://twitter.com/Squawka/status/1637848571234975744?s=20
Дека ова не е случајност, покажува и статистичкиот податок од пред почетокот на оваа сезона, а кој се однесува на целиот период поминат на Апенинскиот Полуостров. Според оваа статистика, до овој момент Зјелински со левата нога упатил 232 удари кон противничкиот гол, додека со десната 238. Сепак, попрецизни биле ударите упатени со левата нога, 21, додека со десната се постигнати „само“ 17 гола.
https://twitter.com/Squawka/status/1551553100938244098?s=20