ЛА галакси го потврди своето место во разигрувањата со триумфот од 2-1 на гости кај Реал Солт Лејк. Тимот од Лос Анџелес до клучната победа дојде благодарение на нивната ѕвезда Златан Ибрахимовиќ, кој придонесе со погодок и асистенција, продолжувајќи ја извонредната голгетерска форма во финишот од регуларниот дел од сезоната.
Златан прво му асистираше на Павон за 1-0, а потоа Аргентинецот му возврати на ист начин, па Ибрахимовиќ во 80-тата минута го постигна 12-тиот гол во последните 10 меча, односно вкупно 28 гола оваа сезона.
https://www.youtube.com/watch?v=Yf9P1YMqZmA
Ибрахимовиќ има уште една цел, да биде најдобар стрелец во МЛС-лигата. Но, засега во таа битка води градскиот ривал Карлос Вела, кој ноќеска исто така ги тресеше мрежите во победата на Лос Анџелес од 3-1 над Хјустон и го запиша 30-тиот погодок во сезоната.