Златан се фалеше, па играч на Аталанта го „спушти на земја“ (видео)

Милан во саботата претрпе тежок пораз од Аталанта со 0-3 на „Сан Сиро“, a првата ѕвезда на Росонерите Златан Ибрахимовиќ, сега мора да трпи и провокации од играчите на Божицата.

Имено, Златан и Запата вербално се закараа во второто полувреме, во еден момент кога Ибрахимовиќ бараше пенал, на што напаѓачот на Аталанта му се обрати: „Не можете да одиграте натпревар без пенал, па бараш и 13-ти?“

Златан не остана должен и му врати: „Имам постигнато повеќе голови отколку ти што си одиграл натпревари во кариерата“.

Додека останатите молчеа, играчот за врска Мартен де Рон на „Твитер“ објави видео кое почнува токму со обраќањето на Златан, а потоа следуваат трите погодоци на гостите од Бергамо.

Познавајќи го Швеѓанецот, наскоро може да се очекува негов одговор.

- Оглас -

Најнови вести