Златан се враќа на терените следниот викенд

Златан Ибрахимовиќ од победата над Наполи во која постигна два од трите гола за Милан, е на приморана пауза поради повреда на бутниот мускул. Првиот стрелец во Калчото од тогаш пропушти три меча во кои Росонерите издвоија победи против Селтик во ЛЕ, односно против Фиорентина и Сампдорија во првенството.

Сепак, Ибрахимовиќ уште еднаш покажа дека е супер-човек по што е најавено враќање на терените веќе следниот викенд. Резултатите од последните тестови покажале дека повредата заздравува многу побрзо од очекуваното, па веројатно Златан ќе се најде во составот на Пиоли веќе против Парма.

Шведскиот голгетер е подготвен да игра уште в четврток против Спарта Прага, меѓутоа целта е да не се брза и да не се ризикува, па затоа Ибрахимовиќ ќе го пропушти и последното коло од Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести