Златан за 39-тиот роденден си купи кола каква што имаат само 992 луѓе на светот (Фото)

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ, на социјалните мрежи се пофали дека вчера, за неговиот 39-ти роденден, си се подновил со автомобил од марката „Порше“.

„Среќен роденден Златан“ – напиша фудбалерот на Милан под фотосот со Поршето, кое си го подари.

Ибрахимовиќ кој има коронавирус и не игра, сезонава на два меча даде три гола, а договорот со Милан му е до крајот на сезонава. Што се однесува до колата, станува збор за Porsche 911 Targa, спортски автомобил кој чини околу 115 илјади долари, 100 км/ч развива за 3,8 секунди, и на светот има само 992 вакви автомобили.

- Оглас -

Најнови вести