Златната копачка на Европа потпишува договор до 2026 година!

Чиро Имобиле ќе остане во Лацио до 2026 година. Според последните најави од Италија, голгетерот треба да ја продолжи соработката со римскиот тим, иако неколку клубови се интересираа да го купат. Тоа треба да биде договор според кој Имобиле ќе заработува меѓу 3,5 и 4 милиони евра по сезона, плус бонусите. Ако се реализира договорот, тоа ќе значи дека Имобиле ќе остане во клубот до неговата 36-та година.

 Имобиле имаше одлична сезона и не само што го победи Кристијано Роналдо во трката за најдобар стрелец во Италија, туку италијанскиот репрезентативец на крајот стигна и до „Златната топка“ на Европа. Голгетерот даде 36 погодоци во Серија А во неодамна завршената сезона.

- Оглас -

Најнови вести