Златната копачка во вистински раце: Нема подобар од Тричковски во Кипар

Македонскиот фудбалски репрезентативец Иван Тричковски е добитникот на Златната копачка која беше доделена на манифестацијата „Фестиван на најдобрите“, во организација на кипарската фудбалска федерација. Ова е церемонија која традиционално се одржува на која се прогласуваат најдобрите.

Тричковски кој е играч на АЕК Ларнака, беше прогласен за најдобар стрелец во кипарското првенство за минатата сезона и сега во своите трофејни витрини ќе ја има и „Златната копачка“. Освен наградата за најдобар стрелеци, популарниот Тричко е избран и во најдобриот состав за минатата сезона во кипарското првенство.

- Оглас -

Најнови вести