Змејовите посреќни од Швајцарија по ремито во Баку (видео)

Швајцарија ќе жали што освои само бод против Велс при ремито од 1-1 од првото коло на Европското првенство. Составот на Владимир Петковиќ покажа дека повеќе ја посакува победата, но во Баку прекините и головите со глава на Емболо и Мур одлучија да нема победник, па така Италија ја презема контролата во групата А.

Емболо конечно во 49-тата го скрши отпорот на Велшаните кои дотогаш успешно се бранеа, по изведениот корнер на Шаќири, швајцарскиот напаѓач со глава ја затресе противничката мрежа. За одговор не се чекаше многу, Мур на сличен налин во 74-тата минута израмни на 1-1, шт се покажа како конечен резултат.

ЛИНК за голот на Велс.

Се виде и трет гол на средбата со кој Швајцарија мислеше дека ќе поведе со 2-1, но Гаврановиќ се најде во незодволена позиција, по што беше прекината прославата на пет минути до крајот од мечот.

https://streamable.com/cojeen

 

- Оглас -

Најнови вести