Знаете ли што направи Дончиќ по првиот меч против Леброн?

Лос Анџелес лејкерс го пречекува Далас маверикс во дербито на вечерта во НБА лигата. Тоа ќе биде прв дуел сезонава на двете големи ѕвезди, Леброн Џејмс од една и Лука Дончиќ од друга страна. Леброн низ годините стана легенда на НБА лигата и сигурно еден од најдобрите во историјата, додека Дончиќ е играчот пред кого е иднината и тој треба да биде шоу играчот во следните години.

Дончиќ за прв пат ќе игра на Божиќ и противник ќе му биде токму Леброн.

„Се радувам што мојот прв Божиќен меч ќе биде против Лос Анџелес лејкерс. Сигурно ќе биде забавен и добар меч. Знам дека ќе гледаат голем број луѓе и се надевам дека ние на крајот ќе се радуваме“, вели Дончиќ, кој се присети и на првиот меч против Џејмс.

„Кога прв пат заиграв против Леброн имав само 19 години и долго ќе памтам дека го чекав пред соблекувалната за да ми го даде неговиот потпишан дрес. Од тогаш многу работи се сменија и секако дека сега очекувам еден поинаков натпревар“, вели Словенецот, кој додаде дека е научен да игра под притисок.

 

- Оглас -

Најнови вести