Зошто бројот 21 е во центарот на вниманието на дербито Сити – Јунајтед?

Манчестер сити го пречекува Манчестер јуанјтед во дербито на англиската Премиер лига. Домаќините се во фантастична форма и со право ја имаат улогата на фаворити. Граѓаните се лидери на табелата со 65 бодови, а Јунајтед кој е трет, заостанува дури 14 бодови.И вториот Лестер е со двоцифрено заостанување зад лидерот, што само потврдува каква доминација има тимот на Пеп Гвардиола.

Домаќините најавуваат офанзивна игра во формација 4-3-3 со Стерлинг, Марез и Фоден како најопасни за голот на Де Хеа. Сити е во неверојатна серија од 21 победа по ред во сите натпреварувања и тимот на Гвардиола е во поход на светскиот рекорд.

Манчестер јуанјтед е единствениот тим кој сезонава нема пораз на гости во Премиер лигата. И не е само сезонава, туку таа непобедливост на Црвените ѓаволи на гости трае дури 21 натпревар, што е втора најдолга низа во историјата на англиското елитно натпреварување.

Оле Гунар Солскјер ќе игра со дефанзивна формација од 4-2-3-1 и ќе се обиде да го сопре налетот на домаќините. Кавани треба да биде најистурен во нападот, а Рашфорд, Фернандес и Џејмс да напаѓаат зад Уругваецот.

Двата тима имаат неверојатни серии кои трајат 21 натпревар, но една денеска ќе биде прекината. Дали Сити ќе стигне до 22 победа по ред или Јунајтед нема да загуби на 22 дуели во низа во Премиер лигата?

 

- Оглас -

Најнови вести