Зошто Феран Торес второто полувреме го играше без логото на Барса на дресот? (Фото)

Феран Торес постигна гол од пенал за Барселона против Наполи, тоа е негов прв погодок од белата точка во кариерата, но шпанскиот напаѓач можеше да се прослави ако ги реализираше сите одлични шанси што ги имаше.

Утките на Торес придонесоа Наполи да остане непоразен, а друг интересен детаљ беше што новото засилување на Барса, кое дојде во јануари од Манчестер сити, второто полувреме во кое го даде голот играше со чуден дрес.

На дресот ги немаше логоата на Барселона и „Најки“. Напред стоеше спонзорот „Ракутен“, но никаде ја немаше Барса. На социјалните мрежи на Барселона никаде нема фотографии на кои се гледа дека на предната страна на дресот нема лого и ова укажува на пропуст на клубот.

Во првото полувреме, Торес си играше со регуларен дрес и засега е мистерија што се случило и како е можен ваков кикс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести