15.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Зошто Марадона секогаш носеше часовници на двете раце

Диего Армандо Марадона секогаш имаше одредени ритуали како на теренот така и надвор од него. Една од работите по коишто беше познат Марадона е тоа што носеше два часовници, по еден на двете раце.

Аргентинецот не криеше зошто секогаш е со два часовници на рацете. Едниот часовник го мерело локалното време во местото каде што се наоѓа, додека другиот часовник бил задолжен за да го покажува времето во неговата родна Аргентина.

Овој необичен обичај Марадона го започна во времето кога играше во Наполи и оттогаш го задржа како својот заштитен знак до крајот на животот.

 

- Оглас -

Најнови вести