Зошто сите германски фудбалери ја покрија устата пред мечот со Јапонија?

Фудбалерите на Германија решија на интересен начин да го изразат својот револт поради одлуката на Светската фудбалска федерација (ФИФА) да забрани носење на капитенска лента со пораката „Една љубов“ која дава поддршка на ЛГБТ заедницата.

Германија беше една од осумте селекции кои најавија дека нивниот капитен ќе носи лента со пораката „Една љубов“, но потоа се огласија од ФИФА и најавија дека тоа ќе биде најстрого забрането. Во Катар и со закон е забрането делувањето на ЛГБТ заедницата.

„На натпреварит екои ги организира ФИФА мора да се носи службена опрема која ја дозволува ФИФА“, стои во објаснувањето на Светската фудбалска федерација. Од ФИФА најавија дека ќе има жестоки казни за оние селекции кои нема да ја почитуваат оваа одлука.

По фотографијата на која германските фудбалери ја имаат покриено устата, се огласи и германскиот весник Билд со коментар кој жестоко ја нападна ФИФА.

„ФИФА се закани со спортска санкција ако Мануе Нојер ја носи капитенската лента „Една љубов“ против Јапонија. Секако дека ова однесување на ФИФА е голем скандал. но треба да се каже: Па што? Покажете му на Нојер жолт картон, па дури и црвен ако сакате, суспендирајте го, одземете ги бодовите, пратете ја репрезентацијата дома. Единствена исправна реакција на ФИФА мафија, ќе беше да се покаже карактер“, стои во коментарот на Билд.

- Оглас -

Најнови вести