Жесус е итар – Лесно ја одби Бенфика бидејќи има понуда од Барселона

Жорж Жесус неодамна ја одби понудата на Бенфика да се врати на кормилото на 37-кратниот португалски гигант, но тешко ќе ја одбие следната, што ја најавија шпанските медиуми.

Барселона е заинтересирана за 65-годишниот португалски стратег, кој моментно е тренер на бразилски Фламенго, клуб со кој е актуелен шампион на Јужна Америка.

Каталонците сезонава веројатно ќе останат без титула во Шпанија откако не успеаја во Кралскиот куп, а и во Ла Лига заостануваат зад Реал Мадрид за четири бода, па евентуален спас за тренерот Кике Сетјен би бил само освојување на Лигата на шампионите.

Дел од шпанските медиуми пишуваат дека и тоа не може да го спаси од отказ Сетјен, кој очигледно го испушти компасот од раце и не може да се наметне со својот авторитет кај ѕвездите на Барса, па сега опција е да се доведе Жесус.

Одличниот стратег ја одби Бенфика, но понуда од Барселона тешко се одбива.

 

- Оглас -

Најнови вести