Зверев: Ѓоковиќ е на моја страна

Денешните полуфиналиња на АТП завршниот турнир ќе бидат интересни, а особено првото од 15 часот, во кое ќе играат Александар Зверев и Роџер Федерер, двајца тенисери кои се скарани.

Германецот кажа дека сезоната е предолга, а Федерер му врати оти треба да биде благодарен што има прилика да игра, и да земе одмор кога сака. Петтиот тенисер на светот, не му остана должен на Федерер.

„Федерер е постар, за него важат други правила. Тој поради годините може да прескокне два Мастерса, не мора да игра ниту на сите турнири од Серијата 500. Јас морам да играм на четири гренд-слена, девет мастерси и четири АТП 500 турнири. Играв дури и АТП 250. Не е проблем колку играме, туку имаме премалку одмор. Со мене се согласува и Ѓоковиќ, но не зборува многу на таа тема. Инаку, Роџер е неверојатен на ваква подлога во сала, очекувам интересен меч“ – рече Зверев во Лондон.

Ѓоковиќ вечерва се среќава со Кевин Андерсон, во реприза од финалето на Вимблдон.

 

- Оглас -

Најнови вести