Зверев не е фаворит иако петпати го надиграл Медведев на тврда подлога

Александар Зверев и Данил Медведев вторпат во своите кариери ќе ги одмерат силите во финале на еден АТП турнир. Пред нешто повеќе од една година, Медведев во Шангај славеше со 2-0 во сетови против Саша, и тоа му беше прва и засега единствена победа на тврда подлога во вкупно шест меѓусебни дуели.

Можеби поради тоа на Русинот му се даваат повеќе шанси денес да триумфира во Париз, иако седмиот светски рекет имат пет победи против него на тврда подлога, а вчера брилјираше против Рафаел Надал.

Медведев имаше неколку часа повеќе за одмор по триумфот над Раониќ, а ќе се види дали на Зверев му останаа сили откако против вториот светски рекет играше 101 минута и победи со 2-0.

Финалето во Париз е предвидено да почне во 15 часот.

- Оглас -

Најнови вести