Зверев: Против Надал нема да ми биде полесно отколку против Алкараз

Германецот Александер Зверев изјави дека против Рафаел Надал нема да му биде полесно отколку во четвртфиналето против сензацијата на сезоната, Карлос Алкараз.

Третиот носител Зверев го елиминира 19-годишниот Алкараз, но во полуфиналето треба да игра со 13-кратниот шампион во Париз, Рафаел Надал, кој доцна синоќа во четири сета го победи Новак Ѓоковиќ.

„Јас сум број 3 на светот, но полуфиналето нема да биде полесно од четвртфиналето. Сум победувал големи мечеви и турнири. Против Алкараз знаев дека мора уште од првиот поен да играм најдобро што можам. По мечот, му реков дека тој многупати ќе го освојува овој турнир, во иднина нема да имаме шанса против него на земја“, изјави 25-годишниот Зверев, кој уште нема гренслем-титула.

- Оглас -

Најнови вести