Зверев за помалку од 70 минути го реши Беретини

Александер Зверев ќе му биде противник на Данил Медведев во финалето на АТП турнирот во Шангај, откако со 2-0 во сетови (6-3, 6-4) го совлада Матео Беретини.

Зверев за помалку од 70 минути, односно за час и осум минути го среди Италијанецот без многу проблеми. По еден брејк во двата сета му помогнаа на Германецот да се стави во позиција да се бори за титула, а уште со првата меч-топка и 11-от ас на мечот ди реши дилемите.

Финалето е закажано за утре во 10:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести