Ѕверска партија на Ембид на претпоследниот меч, направи нешто невидено сезонава

Џоел Ембид со 41 поени и 20 скока, блескаше вечерва на паркетот во Филаделфија, каде што 76-ките ја победија Индијана пејсерс со 133-120 во меч од НБА лигата.

Камерунскиот центар кој му е противкандидат на Никола Јокиќ за МВП на сезоната, на претпоследниот меч за тимот во регуларната сезона дојде до свој сезонски рекорд од 20 скока, а утна само три шута од поле. Добар беше и неговиот соиграч Џејмс Харден со 22 поени и 14 асистенции.

Филаделфија ќе биде трета или четврта на Истокот, и ќе ја има предноста на домашниот терен во првото коло од плејофот.

- Оглас -

Најнови вести