Ѕвезда, Динамо и ПАОК на сериозни испити

Копенхаген – Црвена ѕвезда (20.00 часот)

Повредата на голгетерот Павков е најголемата грижа за гостите, неизвесни се и Бен и Стојковиќ, па надежите за пробивање на данскиот бедем се кон Боачи. Ѕвезда дома одигра само 1-1 и мора да оди на гол повеќе. Ќе треба да се користат оние малку шанси кои Копенхаген ќе ги дозволи. Данците викендов лесно го победија Лингби, не се тим кој прима многу голови на свој терен, но балканските екипи се непредвидливи.

Предлог тип (квота на ден на Sport Life): Х2 & 2+ (2.80)

 

Селтик – Клуж (20.45 часот)

Првиот меч заврши 1-1, активен резултат кој им дава надеж на двата тима. Сепак, домашниот терен е голема предност за Селтик бидејќи и поголеми тимови од Клуж паѓале таму. Романците имаат квалитет, тоа го покажаа на првиот дуел, а од друга страна, Шкотите на крилјата на фановите може да се разлетаат по теренот и брзо да го скршат отпорот на гостите.

Предлог тип (квота на ден на Sport Life): Т1 2+ & ГГ (3.45)

 

Порто – Краснодар (21.00 часот)

Португалците славеа во Русија со 1-0, со гол во 90-тата минута, па сега само треба да го потврдат пласманот во следната рунда. Овој меч треба да ги залечи раните по големиот кикс во домашното првенство, каде што Порто загуби од Жил Висенте. Порто ретко губи дома, па и овојпат е фаворит и веруваме дека ќе успее да победи барем со два гола во мрежата на гостите.

Предлог тип (квота на ден на Sport Life): 1 & 2-4 (2.45)

 

Ференцварош – Динамо Загреб (20.00 часот)

Динамо пропушти прилика дома да го победи Ференцварош и сега Адеми и другарите треба да одат по потешкиот пат и да се вадат во Будимпешта. Хрватскиот тим е мала предност според натпреваруваката форма и ритам, но на првиот меч се покажа дека тоа и не е клучно. Предноста на Унгарците е играњето пред нивните фанови. Ова се тимови кои доминираат на домашна сцена, не е исклучено повторно да одиграат 1-1 и можеби на пенали да решаваат кој ќе оди понатаму.

Предлог тип: Х2 & 2-3 (2.80)

 

Ајакс – ПАОК (20.30 часот)

Холанѓаните не победија на жешкиот терен во Солун, одиграа 2-2, но сега во Амстердам шансите на ПАОК се значително помали. Нема да биде едноставно да се совлада Ајакс, кој дома има само еден пораз на последните десет европски мечеви. ПАОК никогаш не го победил Ајакс, четири од шесте меѓусебни дуели на овие тимови завршиле нерешено, а секогаш било со голови на двете страни. Од ПАОК зависи дали повторно ќе биде „гол-гол“.

Предлог тип: ГГ (1.80)

- Оглас -

Најнови вести