Ѕвезда доминираше против Будуќност во Морача, а на трибините не можеше без тепачка (Видео)

Црвена ѕвезда на убедлив начин со победа од 76:56 си заминува од Подгорица на мечот против Будуќност, кој требаше да биде дерби. Од првата минута Црвено-белите поведоа со 5:1, а пото брзо стигнаа и до 13:4 и 19:9.

Во продолжение на средбата, гостите не само што постојано имаа предност, туку таа и се зголемуваше, па на крајот разликата беше убедлива. Тоа што немаше многу неизвесност и возбудувања на теренот, го надополнија „возбудувањата“ на трибините, каде за време на полувремето во салата „Морача“ се случи инцидент.

За среќа полицијата брзо реагираше и не дозволи да има поголеми нереди.

И вториот меч кој денеска се играше во АБА лигата, заврши со 20 разлика, но овојпат за домаќинот. Задар со 97:77 го победи Морнар, што значи дека двата тима од Црна Гора претрпеа убедливи порази.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sport na B92.net (@b92_sport)

- Оглас -

Најнови вести