Црвена ѕвезда вечерва на свој терен во Белград треба да ја сопре серијата од четири порази по ред во кошаркарската Евролига. Противник на Црвено-белите е Алба Берлин, екипа која е најслаба во досегашниот дел од лигата и има само една победа во седум средби.
Освен мечот во Белград, вечерва ќе се играат уште три интересни дуели. Ненад Димитријевиќ со Милано ќе му биде домаќин на Реал Мадрид, а Баерн Минхен ќе се обиде да ја прекине низата од шест победи по ред на лидерот Жалгирис. Партизан ќе гостува во Париз и тука се очекува голема борба.
За денешните дуели има дури 40-мина кошаркари за играта „плус-минус“ за поени, а по 18-мина играчи се во понудата за бројот на скокови и асистенции што ќе ги направат.