Ѕвезда игра Евролига, а можеби нема да влезе во плејофот на АБА-лигата

Морнар ја совлада Црвена ѕвезда со 71-64, но поразот можеше да биде и катастрофален ако српскиот и АБА-првак, плус евролигаш, не се разбудеше во последната четвртина која ја доби со 26-9. Најдобар поединец беше центарот Урош Луковиќ, кој даде 23 поени и ги погоди сите 10 шута за два поени уништувајќи го противникот. Некогашниот играч на МЗТ Скопје и Куманово имаше и седум скока.

На три кола до крајот на лигашкиот дел од сезоната, лидер во АБА-лигата е Партизан со скор 15-4, Будуќност има 14-5, а потоа следуваат Ѕвезда, Морнар и Цедевита Олимпија со по 12-7, додека Приморска има 11-8.

За да влезе во плејофот, Ѕвезда сама зависи од себе. Ако ги добие трите меча, ќе влезе во разигрувањето за титулата, но во следното коло гостува кај конкурентот Цедевита Олимпија во Љубљана. Само шампионот на АБА-лигата има место во Евролигата во следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести