Ѕвезда не губи од Партизан, во Франција „мириса“ на реми

Калјари – Рома (18 ч.)

Рома се бори за четвртото место во Серија А и ако сака да биде поблиску до Лигата на шампионите, не смее да си дозволува киксови против екипи Калјари кои едноставно се во позиција да „уживаат“, затоа што се далеку од зоната за испаѓање, но немаат шанса ниту за излез во Европа.

Калјари како да почна распродажба на бодови, па точно три месеци нема победа во Серија А. На последните 10 меча, Калјари има шест порази и четири нерешено. И во последните 11 меѓусебни дуели на овие екипи Римската волчица е многу поуспешна и има седум победи и четири нерешени без пораз.

Предлог тип: 2 (2.15)

 

Лајпциг – Баер Леверкузен (15:30 ч.)

Лајпциг не смее да си дозволи кикс ако сака да остане во трка со Баерн Минхен за освојување на титулата. Баер е опасен ривал, кој се наоѓа во одлична форма, а посебно е опасен на гости сезонава, каде има 7 победи во 11 средби. Посебно застрашува моменталната форма на Фармацевтите кои имаат девет победи во последните 10 дуели.

Во меѓусебните средби секогаш има погодоци, па и овој дуел треба да е најава за шоу со голови.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.73)

 

Црвена ѕвезда – Партизан (18 ч.)

Со 11 бода пред вечниот ривал, Црвена ѕвезда го пречекува Партизан на свој терен. Со евентуален триумф на домаќините, Црвено-белите ќе може да започнат да ја слават титулата, иако има уште многу да се игра до крајот. Ѕвезда сезонава дома е перфектна и има 11 победи во 11 дуели.

Партизан е тим кој ретко прима голови, а во корист на Црно-белите е тоа што победија на последните две вечни дерби средби. На седум од последните девет меѓусебни дуели било од 0-2 гола, па и сега тешко дека може да се случи да биде голеада на „Рајко Митиќ“.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.10)

 

Еспањол – Атлетико Мадрид (16 ч.)

Домаќините се на дното на табелата во Шпанија, но во зимскиот преоден рок се засилија и најавија борба за опстанок. Посебен мотив за екипите од Барселона е кога гостува тим од Мадрид, па сигурно Еспањол нема лесно да се предаде против фаворизираниот гостин.

Сепак, фактот дека Еспањол сезонава дома има само една победа во 12 средби не дава голема надеж, но ако се знае дека Атлетико на гости најмногу пати одиграл нерешено, домаќините може да се надеваат барем на бодче.

Предлог тип: 0-2 (1.50)

 

Лион – Сент Етјен (21 ч.)

Дуел на клубови кои се гиганти во Франција, но сезонава не им оди најдобро. Лион е на средината од табелата, додека гостите се на само два бода од зоната за испаѓање. Иако има одлични навивачи и домашниот терен секогаш бил голема предност, Лион сезонава пред своите фанови победи само четири пати во 12 дуели.

Доброто за Лион е тоа што кога игра дома е сигурен во одбраната и има примено најмалку погодоци на свој терен во цела лига. Сент Етјен е единствен тим кој сезонава нема нерешено на гости, па можеби дербито е како порачано за првото реми.

Предлог тип: Х (3.65)

 

- Оглас -

Најнови вести