Шестмина кошаркари на Црвена ѕвезда постигнаа двоцифрен број поени во рутинската победа на српскиот првак над Алба Берлин од 92-71 во Евролигата.
За Ѕвезда заврши серијата од четири порази едноподруго и по осум одиграни мечеви сега има скор 4-4. Алба е последна со 1-7.
На трибините во салата „Александар Николиќ“ беше и тениската суперѕвезда Новак Ѓоковиќ, кој беше поздравен со скандирање на неговото име и овации.
.@DjokerNole watching @EuroLeague game between Crvena Zvezda and Alba Berlin in Belgrade! ❤️🤍🇷🇸#kkcz #WeAreTheTeam pic.twitter.com/L72hZN3N48
— KK Crvena zvezda Meridianbet (@kkcrvenazvezda) November 7, 2024