Ѕвезда со нови информации за состојбата на Огњен Кузмиќ

Кошаркарскиот клуб Црвена ѕвезда испрати соопштение до јавноста во кое информира за развојот на настаните во врска со нивниот член Огњен Кузмиќ, кој е во вештачка кома откако имаше тешка сообраќајна несреќа. Кузмиќ, кој од Реал Мадрид летово се врати во Ѕвезда, и понатаму е во шок-соба во ургентниот центар во Белград, но по критичните 24 часа, првите знаци се охрабрувачки.

„Утрово Кузмиќ повторно беше детално прегледан, направено му е скенирање на главата и снимен е градниот кош со рентген. Се покажа дека нема дополнителни компликации со повредите на главата и дека полека му се враќа функцијата на белите дробови. Ќе продолжиме да известуваме за здравствената состојба кога ќе добиваме информации од лекарите во ургентниот центар. Ги молиме сите да ја почитуваат приватноста на семејството Кузмиќ и за неговата здравствена состојба да се информираат само преку нашите соопштенија“, информираат „црвено-белите“.

 

- Оглас -

Најнови вести