Ѕвездашите се запалија, прават математики и за прво место во групата

Црвена ѕвезда со победата над Ливерпул, максимално ја замрси ситуацијата во „групата на смртта“ во Лигата на шампионите, па сега ништо не е сигурно околу пласманот во осминафиналето. Ѕвезда може да освои уште четири бода (победа над Наполи и реми со ПСЖ) во следните две кола и да не влезе во топ 16, но може да биде дури и прва во групата Ц.

Српскиот првак и натаму е последен во групата со 4 бода, два помалку од Наполи и Ливерпул, а еден бод помалку од ПСЖ. Ова значи дека се можни дури 81 различна комбинација во последните две кола.

Ако Ѕвезда слави во Неапол над Наполи, е тогаш ќе се случи лудница во групата. Ова особено ако и Ливерпул биде поразен во Париз. Тогаш Ѕвезда со домашен триумф над Французите, ќе го освои првото место, со нерешено ќе биде втора ако нема победник меѓу Ливерпул и Наполи, а пораз ја носи во Лигата на Европа, но ако има победник меѓу Ливерпул – Наполи.

Има уште едно сценарио, но и тоа ќе биде можно само ако Србите слават против Наполи, а ремизираат ПСЖ и Ливерпул. Тогаш и со реми дома против ПСЖ може да бидат први, ако Ливерпул не победи против Наполи.

Со реми во Италија, Ѕвезда за осминафиналето или Лигата на Европа ќе мора да го победи ПСЖ. Сите овие математики изгледаат нереални, но никој не очекуваше ниту во вторникот Ѕвезда да го совлада вицепрвакот на Европа.

- Оглас -

Најнови вести