Ѕвездата на Арсенал за 15,2 милиони фунти даде само еден гол

Месут Озил е најскапоплатениот фудбалер во Арсенал. Некогашниот германски репрезентативец заработува вистинско богатство, а според сите проценки, тој е преценет во споредба со игрите кои ги прикажува.

Според статистиката од оваа сезона, Озил има само еден гол и три асистенции и тоа сигурно не е доволно за платата која ја добива. Озил сезонава заработи 15,25 милиони фунти, пресметките велат дека според времето поминато на терен, тој заработува 8.700 фунти за секоја мунита помината на теренот.

Озил има договор на уште една година, а навивачите на Арсенал сакаат играчот за врска да си замине уште по завршување на оваа сезона.

На првиот меч по враќање од тримесечната пауза Озил не беше во составот за дуелот против Манчестер сити, а тренерот на Топчиите Микел Артета објасни дека германскиот интернационалец не е доволно подготвен за да се врати на теренот.

 

- Оглас -

Најнови вести