Ѕвездата на Атлетико фатена во живо, упати тешки навреди кон играчот на Интер во пенал-рулетот: Го*но, чилеанско го*но (Видео)

Доаѓањето на Алексис Санчес пред белата точка на синоќешниот пенал-рулет против Атлетико Мадрид го означи почетокот на крајот на Интер во Лигата на шампионите, а камерите во тие моменти го уловија срамното однесување на играчот на шпанскиот тим, Антоан Гризман.

По 210 минути игра на двата меча и 2:2 меѓу Атлетико Мадрид и Интер, патникот во четвртфиналето го одлучија пеналите, каде што „се посрамотија“ играчите на Нераѕурите.
Хакан Чалханоглу успешно ја отвори пенал-серијата за Интер, а во втората серија дојде редот на еден од најискусните играчи во тимот на Интер, Алексис Санчес.

Но, Чилеанецот лошо го изведе пеналот и го најави крајот на Интер во ЛШ.
Камерите на „Метрополитано“ го забележаа срамното однесување на ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман.

Имено, пред изведување на пеналот, Гризман на својот соиграч Родриго де Пол му рече:
„Тој е го*но, чилеанско го*но“.

- Оглас -

Најнови вести