Ѕвездата на Баерн постигна гол како на видеоигра, ги издрибла сите, заедно со голманот (Видео)

Фудбалерите на Баерн Минхен во Гелзенкирхен убедливо го совладаа украинскиот Шахтар со резултат 5-1 во шестото коло од Лигата на шампионите. Голот што го постигна Мајкл Олисе несомнено е еден од најубавите во досегашниот дел од натпреварувањето.

Шахтар поведе уште во петтата минута со голот на Кевин, но потоа доживеа дебакл. За Баварците погодија Конрад Лајмер, Томас Милер, двапати Мајкл Олисе и Џамал Мусијала.

Сепак, голот на Олисе во 90-тата минута ги воодушеви љубителите на фудбалот бидејќи изгледаше како сцена од видеоигра.

Фудбалерот на Баерн ја прими топката на околу триесетина метри од голот и во незапирлив слалом минуваше неколку играчи, вклучувајќи го и голманот Ризник.

Олисе го воодушеви и неговиот соиграч Конрад Лајмер.
„Се чувствував како да поминав низ десетмина играчи. Беше како во Марио Карт, кога добиваш ѕвезда и никој не може да те допре“, рече Австриецот.

Младиот Французин, кој летово пристигна во Баерн од Кристал палас, беше прогласен за играч на натпреварот, со два постигнати гола и една асистенција.

- Оглас -

Најнови вести