Ѕвездата на Белгија под итно бара промена во фудбалот: Играчите само лежат и „крадат“ време (ФОТО)

Во последниве неколку месеци се актуелизираше темата за промена на сметањето на фудбалските натпревари, а се поголем број на инволвирани бараат промена на актуелното сметање на времето.

Причина за тоа е „крадењето“ на времето, односно минутите кои што се губат за лекарска интервенција или пак симулирање, а според новите правила, фудбалскиот меч би траел активни 60 минути, а при секој прекин времето ќе се стопира.

Последен од листата на фудбалери кој што побара промена на сметањето на времето е Јан Фертонген кој настапува за Бенфика а со селекцијата на Белгија ќе игра на Светското првенство во Катар.

„Во фудбалот мора под итно да се промени ефективното време на игра. Екипи искористуваат време за стално да симулираат и плачат а со тоа ја зимаат радоста на навивачите кои што платиле за да уживаат во фудбалот, а не во лежењето и плачењето“ напиша Фертонген на Твитер.

- Оглас -

Најнови вести