Ѕвездата на Фламенго приведена во полициска рација во нелегално казино (видео)

Напаѓачот на Фламенго, Габриел Барбоса, вчера бил уапсен при полициска акција во Сао Паоло која спречила нелегално казино. Популарниот Габигол бил меѓу 150-те уапсени лица кои скришно се коцкале во една зграда, по што го прекршил клупскиот протокол за време на пандемијата со што се изложил на опасност.

Според информациите на бразилските медиуми, Барбоса се сокрил под маса во текот на полициската акција, но самиот репрезентативец на Кариоките демантираше.

„Апсурдно би било да се кријам под маса. Кога полицијата упадна во просторијата ни нареди на сите да легнеме на подот. Јас само ги почитував нивните барања и цело време соработував при приведувањето“, истакна Габигол кој набрзо ја напуштил полициската станица.

 

- Оглас -

Најнови вести