Ѕвездата на Јута ќе добие 170 милиони долари за пет години

Јута џез несреќно беше елиминирана од Денвер во првото коло од плјеофот во НБА откако Џезерите прокоцкаа предност од 3:1 во победи и на крајот беа елиминирани со 4:3, а последниот седми меч имаше неверојатна завршница. Донован Мичел беше предводникот на Јута, но и покрај неговата одлична игра, тимот не успеа да помине во следната фаза.

Мичел веќе три сезони е во Јута и се промовираше во лидер, па затоа ќе добие заслужена награда на финансиски план. Јута ќе му понуди максимален договор од 170 милиони долари за пет сезони. Мичел во серијата против Денвер имаше просек од 36,2 поени, а на две средби даде 50+ поени, што само го потврдува неговиот квалитет.

 

- Оглас -

Најнови вести