Ѕвездата на Јуве има 30 години и размислува за повлекување

Бразилецот Даглас Коста сезонава одигра 679 минути во дресот на Јувентус, влезе во игра на 18 натпревари, даде два гола, имаше и пет асистенции за тимот на тренерот Маурицио Сари, но периодов размислува да ја заврши својата играчка кариера.

Кога е во форма и здрав, тој е еден од најопасните играчи на Старата дама, но за жал на фановите на овој клуб, тоа ретко се случува во последно време. Во последните три сезони Даглас имаше скромни 90 настапи. Најмногу го мачат проблеми со мускулите.

„Има моменти кога се прашувам дали уште можам да играм? Со Алекс Сандро се шегувам дека имам повеќе снимки на магнетна резонанца, отколку настапи. Тоа е бидејќи кога излегувам на терен, постојано се повредувам. Но, кога гледам фудбал од дома на телевизија, сфаќам дека фудбалот е мојата страст и дека уште може да играм на високо ниво. Не е работата во парите, љубовта кон фудбалот е природна, тоа ме одржува во животот“, вели Даглас, кој побарал помош и од психијатар.

- Оглас -

Најнови вести