Ѕвездата на Сиера Леоне утна пенал, сега полиција му ги чува куќата и семејството

Во спортот тенка е линијата „од полковник до покојник“, па така и фудбалерот Кеи Камара кој беше обожуван од фановите во Сиера Леоне, стана најголем државен непријател, и му беше нападната куќата во која што живеа.

Причина за нападот е утнатиот пенал на вчерашниот меч со Екваторијална Гвинеја. Ако Камара го реализираше пеналот во 85-та минута, Сиера Леоне ќе одеше во следната фаза на Африканскиот куп на нации, а вака испаднаа.

Бесни навивачи во Фритаун тргнаа во напад на куќата на 37-годишниот играч на фински ХИФК, па сега полиција му ја чува куќата во која живее неговото семејство.

Пред тоа, откако Сиера Леоне играше нертешено против фаворитите Алжир и Брегот на слонова коска, Камара го сметаа за херој во неговата држава. Но, пеналот смени се.

- Оглас -

Најнови вести