Ѕвездата на Сити во хумана акција: Донираше три тони храна за фавелите во Сао Пауло

Габриел Жесус, голгетерот на Манчестер сити, им донираше околу три тони храна на фавелите во Сао Пауло, сиромашното предградие во кое израсна. Ѕвездата на Граѓаните одлучи на ваков начин да им помогне на луѓето за време на пандремијата со корона-вирусот.

Идејата да му помогне на своето предградие е поттикната од иницијативата на Зе Роберто, поранешниот бразилски репрезентативец.

Инаку, во јужноамериканската земја досега се потврдени над 46.000 случаи заразени од вирусот ковид-19, додека речиси 3.000 лица ја загубија животната битка.

- Оглас -

Најнови вести