Ѕвездата на Тотенхем прво промаши празен гол од половина метар, потоа гостите останаа со играч помалку, но на крајот успеаа да победат (Видео)

Екипата на Тотенхем е нов лидер во англиската Премиер лига, откако успеа да победи минимално со 1:0 на гостувањето кај Лутон. Мики ван де Вен во 52 минута беше стрелец на голот кој донесе три бода за фаворизираниот гостин.

Тотенхем беше фаворит пред мечот, но гостите се намачија посебно во првото полувреме. Уште во втората минута голема шанса за погодок имаше Ришарлисон, но Бразилецот промаши празен гол од половина метар.

Пред крајот на првото полувреме, поради втор жолт картон беше исклулен Бисума. Иако со фудбалер помалку, Тотенхем покажа квалитет и на крајот стигна до победа со која се искачи на челната позиција во англиското првенство.

- Оглас -

Најнови вести