Украина одлично стартуваше во новата сезона од Лигата на нации, откако во првото коло со 2:1 ја победи Швајцарија. По првото полувреме на тој меч беше 1:1, а голот за победа на Украина го даде Олександер Зинченко. Дефанзивецот кој е член на Манчестер сити, даде прекрасен гол за голема радост на домаќините.
Вечерва Украина ќе гостува кај Шпанија, а Зинченко открива една интересна анегдота. Украинскиот репрезентативец кој е соиграч со неколку Шпанци во Манчестер сити, вели дека од соиграчот Ерик Гарсија бил замолен да не постигне гол во дуелот со Шпанија. Токму Гарсија ќе биде во таборот на Црвената фурија на денешниот меч.
„Разговарав со него пред мечот и беше краток. Ме замоли да не постигнувам гол против Шпанија“, рече Зинченко во шега.
Шпанија ја има фаворитската улога на мечот кој се игра во Мадрид, а првична задача за Зинченко и другарите е да ја сочуваат својата мрежа, а дури потоа да мислат на нападот.