Ѕвездена ноќ на „Маракана“ зачинета со гол-шоу, Ривер го доби противникот во финалето (Видео)

Фламенго го растури Сантос со 5:0 во реванш-мечот од полуфиналето на Копа Либертадорес и си обезбеди место во финалето кое треба да го даде најдобриот тим на јужноамериканскиот континент. Блескав меч одиграа домаќините на легендарната „Маракана“ во Рио де Жанеиро, па по ремито 1:1, утрово им донеоса голема радост на своите фанови.

На „Маракана“ имаше 69.981 навивач, што е трет меч по посетеност во историјата на бразилските клубови. Заработката од билетите е над осум милиони долари, што само покажува дека се работи за вистински спектакл. Фановите на Фламенго кои решија да го бодрат својот тим не зажалија.

Гремио успеваше да одолее до крајот на првото полувреме, кога Фламенго дојде во водство од 1:0. Во вторите 45 минути беше вистинско шоу. Габриел даде два гола, а по еднаш погодија Мари и Чајо, па веќе во 71-вата минута беше 5:0, што значеше влез во финалето на Копа Либертадорес.

Во финалето на јужноамериканската Лига на шампиони ќе гледаме бразилско-аргентински дуел. На стадионот „Сантијаго“ во Чиле, на 23 ноември, Фламенго ќе игра против Ривер плејт, кој е актуелен бранител на тронот.

https://youtu.be/S1KeMlqj5EE

- Оглас -

Најнови вести