Ѕвездите одбраа: Клајверт на местото од Сетјен

Барселона денес претходно ги заврши обврските во Ла Лига за оваа сезона, со убедливи 5-0 триумфира на гости кај Алавес во последното коло. Сега главна тема во таборот на Каталонците е Кике Сетјен, односно дали стратегот ќе се задржи на кормилото до следната сезона.

Шпанските медиуми тврдат дека ѕвездите на Барса го одбраа следниот тренер, а тоа е клупската легенда Патрик Клајверт. Холанѓанецот моментално работи како директор на младинскиот развој во Барселона, а неговата популарност кај играчите е причината што тие го сакаат како иден стратег.

 

 

- Оглас -

Најнови вести