Звонимир Бобан добива 5,3 милиони евра од Милан

Милан го загуби судскиот спор со Звонимир Бобан и мора да му плати отштета од 5,3 милиони евра за предвремениот принуден отказ од позицијата спортски директор.

Бобан беше избркан од клубот во март годинава откако јавно ја критикуваше работата на клупскиот претседател Иван Газидис и наводно не бил информиран дека Ралф Рангник требаше да биде новиот тренер на екипата. Рангник во меѓувреме не дојде на „Сан Сиро“, управата му даде доверба на сегашниот тренер Стефано Пиоли, но Бобан мораше да ги напушти просториите на седумкраниот европски првак.

Италијанските медиуми тврдат дека Милан засега нема намера да ја исплати отштетата, туку ќе поднесе жалба околу пресудата на судот во Милано.

- Оглас -

Најнови вести