Против сите стандарди за логика – Шест години е голман на Интер, не бранел ни минута, а двапати доби црвен картон

Томасо Берни има еден необичен рекорд што е за Гинис и не звучи воопшто логички, но е вистинит. Голманот на Интер е член на Нераѕурите веќе шест години и најчесто е трет избор, а нема брането ниту еднаш за гигантот од Милано, но успеа двапати да добие црвен картон.

Вчера беше исклучен на дуелот со Парма откако жестоко протестираше од клупата за резерви при стартот на Кулушевски со лакт во дуелот со Барела.

Берни е член на Интер од 2014 година и најчесто беше трет голман. Има и неколку мечеви на кои бил резервен голман, но ниту еднаш не стапнал на терен и нема брането ниту минута за Нераѕурите. Но, затоа има две исклучувања, а пред ова вчерашното против Парма, црвен картон доби и на дуелот со Калјари.

 

 

- Оглас -

Најнови вести