Волчја ноќ го чека Хјустон во Минеаполис

Јанис Адетокумбо (Индијана пејсерс – Милвоки бакс (НБА, 01 часот)

Милвоки и Индијана ќе го играат дербито на двете првопласирани екипи во Централната дивизија од Источната коференција, а најголема ѕвезда на мечот секако ќе биде ланскиот МВП на сезоната, Јанис Адетокумбо.

И сезонава популарниот „Грик-фрик“ игра фантастично, а просекот му е 30.5 поени по меч. Интересно е што почетокот за Јанис беше поскромен, но на последните шест меча игра симултанки со противничките одбрани и дава повеќе од 35 поени во просек.

Ноќеска повторно ќе мора да ја влече композицијата на Милвоки, бидејќи се повреди вториот Ол-стар играч кај Бакс, Крис Мидлтон.

Јанис игра одлично против Индијана и на последните два меча им уфрли 29 и 33 поени, а очекуваме нова 30+ и ноќеска од едно од најдобрите моќни крила во НБА лигата.

Предлог тип: >31.5 поени (1.87)

 

Њујорк никс – Шарлот хорнетс (НБА, 01.30 часот)

Двете екипи успеаја на претходните натпревари да ги прекинат сериите од порази, Њујорк со триумф против Далас, а Шарлот со победа против Детроит, па ќе сакаат да врзат два успеси по ред.

И двете екипи претрпеа доста промени во последно време и останаа без своите најдобри играчи. Кристапс Порзингис го напушти Њујорк, а Берон Дејвис си замина од Шарлот, што е хендикеп и за едните и за другите.

Проблемот на Никс е што немаат добар плејмејкер, а добро за нив е што конечно на паркет се врати Денис Смит јуниор, кој е одличен играч и од него многу се очекува во Њујорк.

Шарлот почна одлично во новата сезона, но потоа нанижа серија од четири порази, што беше прекината со супер пресврт против Детроит. Хорнетс губеа со 15 поени разлика, но успеаја да победат што им дава потстрек дека се на вистинскиот пат, конечно да заиграат во плејоф. Бодовите во вакви мечеви многу значат, па очекуваме голема битка во „Медисон сквер гарден“ и ќе типуваме на помалку од 213 поени.

Предлог тип: <212.5 поени (1.87)

 

Минесота тимбервулфс – Хјустон рокетс (НБА, 02 часот)

Ендрју Вигинс ќе се врати во составот на Минесота, а крилото на волците игра импресивно во новата сезона, па домаќините ќе се обидат да се извадат за дебаклот што го претрпеа од Вашингтон, кој ги порази со 137:116.

Вигинс не играше и тоа се почуствува во играта на Минесота. Сега се фаворити за победа против разиграниот Хјустон. Ракетите имаат шест победи по ред, но и многу проблеми.

Ноќеска нема да игра стартниот центар Клинт Капела, најавено е дека и настапот на Рас Вестбрук е неизвесен, а отсутни ќе бидат и Ерик Гордон, кој е една од најдобрите замени во НБА лигата и крилото Даниел Хаус јуниор.

Тоа се значајни алки во играта на Хјустон, па голем товар пак ќе падне на плеќите на Брадата, Џејмс Харден. Тој немилосрдно ги полни кошевите на противниците, но не може сам, па ќе типуваме дека Минесота ќе ја прекине серијата од шест победи на Ракетите. Како поткрепа на „кецот“ е и добрата традиција на волците на домашен терен против Хјустон и трите победи во последните четири дуели во „Таргет центар“ во Минеаполис.

Предлог тип: 1 (1.95)

 

Лос Анџелес клиперс – Атланта хоукс (НБА, 04.30 часот)

Навивачите на Клиперс конечно ќе дочекаат да ги видат заедно на паркетот двете големи засилувања. Кавај Ленард и Пол Џорџ би требало да играат прв меч заедно во дресот на новиот клуб, а тоа ветува шоу и победа на тимот од Лос Анџелес.

Клиперс со нив двајцата имаат одличен состав кој тешко ќе губи во НБА. Како одлично дополнување се и ветеранот Вилијамс и Харел, двајцата резерви, но со голем ефект и одлични настапи во континуитет.

Атланта повторно ќе ги нема во составот Колинс, Картер и Тарнер, а нема да настапи и Уертер, што е премногу за тим од калибарот на Хоукс. Јанг и Паркер можат да им зададат проблеми на Клиперс, но домаќините имаат многу подобар тим, дури и шампионски амбиции и ќе ги освојат бодовите.

Предлог тип: 1-1 (1.47)

 

Флорида пантерс – Њујорк ренџерс (НХЛ, 01 часот)

Двата последни меча меѓу Флорида и Њујорк донесоа возбудливи пресврти и победникот се одлучуваше на пенали.

Во декември лани беше 4:4, а Ренџерс славеа по подобро изведување на пенали, за потоа Флорида да се реваншира со триумф од 6:5 пред една седмица, откако во регуларен дел беше 5:5.

Хендикеп за гостите е што повторно нема да игра Мика Зибанеџад, кој беше најдобар поентер на Њујорк во ланската сезона со 74 поени.

Флорида нема позначајни отсуства и е фаворит против Ренџерс, тим што е во криза во последните неколку сезони. Овде ќе ја почитуваме традицијата и настапите на двете екипи сезонава, бидејќи даваат, но и примаат многу голови.

Предлог тип: >6.5 голови (1.95)

 

- Оглас -

Најнови вести