Партизанска офанзива против холандскиот хит

АЗ Алкмар – Партизан (Европа Лига, 18.55 часот)

АЗ Алкмар повторно е хит во Европа и потсетува на времето од пред десеттина години, кога беше омилениот тим за голови кај обложувачите.

Во рок од еден месец АЗ Алкмар направи дар-мар на фудбалските терени и има шест победи по ред, без примен погодок и со фантастична гол-разлика од 26:0.

На Астана во два меча во Европа Лигата и дадоа 11 голови, потоа настрада и ПСВ Ајндховен со четворка, Твенте и Утрехт примија по три гола, а и Емен беше лесно совладан со 3:0.

Партизан нема што да брани и му одговара само победа. Секој друг исход на стадионот на Ден Хаг, каде ќе се игра мечот од петтото коло во Европа Лигата ќе значи елиминација на „црно-белите“.

АЗ Алкмар е разигран, Боаду, Стенгс, Де Вит и останатите играчи на холандскиот тим се во топ- форма и немилосрдно ги тресат противничките мрежи, но Партизан ќе биде тежок ривал за победување. Српскиот претставник игра добро во Европа, прикажа неколку мошне добри партии и не е без шанси против фаворизираниот АЗ Алкмар.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.87)

 

Басакшехир – Рома (Европа Лига, 18.55 часот)

Групата Ј е една од најинтересните во Европа Лигата и сите четири клуба можат да одат понатаму.

Басакшехир е лидер со 7 бода и е во најдобра позиција. Со победа денеска против Рома, турскиот тим ќе обезбеди пласман во нокаут фазата, но Рома секако има поинакви планови, бидејќи поразот ќе значи речиси сигурна елиминација.

Првиот меч во Рим заврши со убедлива победа на калчолигашот од 4:0, но тоа е и единствениот триумф на римјаните во четирите кола во групата.

Проблем за гостите од Италија е што имаат доста повредени играчи и традицијата која покажува дека никогаш не победиле во Турција. Имаат два порази и двапати ремизирале во еврокуповите кога играле на гостински терен кај турски тимови.

Рома е поквалитетен состав од Басакшехир и ако одигра сериозно може триумфално да го прегрми тешкото гостување во Истанбул.

Предлог тип: 2 (2.00)

 

Брага – Вулверхемптон (Европа Лига, 18.55 часот)

Рикардо Орта го реши првиот меч со гол во второто полувреме и Брага сега има предност во битката за првото место во К групата.

Вулверхемптон оттогаш нанижа три победи по ред и ако не загуби вечерва во Брага ќе патува во нокаут фазата во Европа Лигата.

Реми им одговара на двете екипи, бидејќи во тој случај Слован и да го победи Бешикташ денеска и потоа и Брага во последното коло, не може да биде пред Вулверхемптон. Словаците имаат полош меѓусебен скор, па на волците вечерва сосема им одговара нерешен резултат.

Се чини дека и Брага ќе биде задоволна со реми, па тука ќе одиграме чист „икс“.

Предлог тип: Х (3.00)

 

Арсенал – Ајнтрахт Франкфурт (Европа Лига, 21 часот)

Арсенал со реми ќе биде сигурен патник во следната фаза, а Ајнтрахт дури и со пораз може да им се приклучи на топчиите во следната фаза.

Клубот од Лондон е во криза, се најавува дека Унаи Емери е на излезната врата, па фудбалските игри надвор од терен дополнително ја вжештија атмосферата кај еден од најпознатите англиски клубови.

Во Европа Лигата, Арсенал најчесто настапуваше со комбиниран тим и тоа даде ефект, бидејќи помладите играчи гризат за да се наметнат во првиот состав.

Повторно е најавен состав со Мартинели во нападот, со Вилок, Тирни и дел од помладите фудбалери, кои се мошне талентирани.

Сигурно нема да игра Себалјос, веројатно и Сака, Холдинг и Колашинац, а и Ајнтрахт има проблеми. И гостите имаат неколку повредени играчи, а и настапите и резултатите во Бундеслигата им се променливи.

Претрпеа пораз од Волфсбург, а по мечот со Арсенал ги чека локалното дерби со Мајнц, па мора да се мисли и на тој дуел.

Арсенал игра многу подобро во Европа Лигата, тимот е ефикасен и очекуваме и вечерва да биде во тој тренд. Ајнтрахт има слична композиција, сака да игра напаѓачки фудбал и тука ќе типуваме дека ќе има голови на двете страни.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.75)

 

Лацио – Клуж (Европа Лига, 21 часот)

Лацио не смее да размислува за ништо друго освен за победа вечерва против Клуж, но дури и во таков случај, шансите за пласман во следната фаза им се мали.

На Клуж му треба само еден бод од двата последните натпревари во групата за да му се приклучи на Селтик и тоа сценарио е многу реално.

Сега прашање е дали лацијалите во ваква ситуација ќе запнат докрај да се обидат да направат подвиг, кој сепак не зависи само од нив, или ќе се посветат максимално на Серија А. Таму ги чекаат дуели со „црно-белите“ од Удине и од Торино во следните две кола.

Во Клуж е малку поинаква ситуацијата. Тие се лидери во Романија, им доаѓаат два релативно полесни натпревари, а имаат и шанси за пласман понатаму во Европа Лигата, уште вечерва со реми, или победа во Рим. И, го паметат вечниот град по добро, бидејќи на „Олимпико“ во 2008 година во за нив историскиот прв настап во фаза по групи во Лигата на шампионите ја победија Рома со 2:1.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.00)

 

Во стандардната дневна понуда на Sport Life со специјални коефициенти можете да ги одиграте следните три натпревари:

 

АЗ Алкмар – Партизан (Европа Лига, 18.55 часот)

Предлог тип: ГГ прво/второ (2.10)

 

Севилја – Карабах (Европа Лига, 21.00 часот)

Предлог тип: 1&0-29 минута (2.55)

 

Арсенал – Ајнтрахт Франкфурт (Европа Лига, 21 часот)

Предлог тип: Т1 1+I& Т1 2+ (2.30)

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести