Дончиќ и Букер ветуваат кош-шоу во Феникс

Детроит пистонс – Шарлот хорнетс (НБА, 01 часот)

Двете екипи веќе одиграа два меча меѓусебе сезонава во НБА лигата и Шарлот води со 2:0, што може да биде значајно, ако дојде до тај-брејк, односно да одлучува меѓусебниот скор за позиции кои водат во плејофот.

Пред две ноќи Хорнетс во драматичен меч победија дома со 102:101, а претходно славеа и во Детроит со 109:106. Кај Детроит се врати првата ѕвезда на тимот, Блејк Грифин, но засега нема некаков впечатлив напредок во резултатите на Пистонс.

Повреден е најдобриот бек на тимот Реџи Џексон и се чини тука е ахиловата пета на тимот. Шарлот е во транзиција, направи доста измени во тимот, а има и млади играчи, но засега се солидни со биланс 7 победи и 12 порази.

Кога играат овие две екипи меѓусебе најчесто мечевите се тврди, победникот е неизвесен, а разликата е мала, па ќе типуваме на помалку кошеви од 215.5 поени колку што е границата во Sport Life.

Предлог тип: <215.5 поени (1.67)

 

Кливленд кавалирс – Милвоки бакс (01.30 часот)

Пред точно еден месец Милвоки лесно го победи Кливленд со 129:112, а во каква форма играат Бакс ќе биде сензација ако и ноќеска не слават, иако се гости.

Во тимот се врати Ол-стар бекот Крис Мидлтон, а со него во составот Милвоки има многу офанзивни и дефанзивни оружја. Бакс се лидери во Источната конеференција со биланс 15-3 и се втората најдобра екипа во НБА зад Лос Анџелес лејкерс.

Милвоки има одлична стартна петорка што ја предводи ланскиот МВП Јанис Адетокумбо и во моментов се во многу подобра ситуација од Кливленд.

Кавалирс не играат на ниво на реномето на тимот, имаат добри поединци од калибарот на Кевин Лав, Тристан Томпсон, Џеди Осман, Џордан Кларксон…, но засега имаат само пет победи на 18 натпревари.

И двете екипи играат ефикасно, па ќе прогнозираме победа на гостите во меч со над 228 поени.

Предлог тип: 2&>228.5 поени (2.25)

 

Пол Џорџ (Сан Антонио спарс – Лос Анџелес клиперс, 02.30 часот)

Џорџ си поигрува со ривалите во НБА лигата и со блескави игри потврди дека ќе биде огромно засилување за Клиперс. Крилото на тимот од Ел-Еј знае рафално да наниже десеттина поени во серија, а имаше мечеви на кои по само едно полувреме даваше 20 и повеќе поени.

Џорџ е одличен тројкаш, знае да игра перфектно и одбрана, а често е прва опција за шут кај Клиперс, заедно со Кавај Ленард. Игра со леснотија, одигра 8 меча за новиот клуб и има просек од 24.8 поени.

Џорџ е врвен кошаркар, има еден од најубавите и најмеки шутеви во НБА лигата, одличен тројкаш е и очекуваме дека лесно ќе ја мине границата од 23.5 поени против Спарс.

Предлог тип: 23.5 поени (2.00)

 

Лука Дончиќ (Феникс санс – Далас маверикс, 03 часот)

Сензационалниот Словенец игра неверојатна втора сезона во НБА лигата, а веќе урива рекорди во најсилната лига на светот.

Лука комплетно се прилагоди на условите и начинот на игра во НБА и со него Далас е конкурент за највисоки дострели. Имаше дузина неверојатно добри партии баскет со трипл-дабл учинок. Тука некаде е и со просекот што е фасцинантно и нешто што не им успеало на многу НБА ѕвезди пред него.

Дончиќ засега има 30.1 поен во просек, 10 скока и 9.5 асистенции, што само покажува како игра и колку е комплетен играч на само 20 години.

Ноќеска го чека дуел со уште еден роден кошгетер, Девон Букер, па очекуваме рафална стрелба од двете страни и шоу на двајца млади и мошне квалитетни играчи.

Предлог тип: Дончиќ >30.5 поени (1.75)

 

Девон Букер (Феникс санс – Далас маверикс, 03 часот)

Букер е еден од најдобрите млади бекови во НБА и од него се очекува многу. Феникс има солидна композиција од неколку млади, но многу квалитетни кошаркари што ги предводи 23-годишниот бек.

Во просек Букер дава по 25 поени на меч, а Феникс и нема толку лоши резултати, со оглед дека игра без втората млада ѕвезда Деандре Ајтон, кој е суспендиран поради допинг на 25 меча. Со него во составот му е многу полесно и на Букер, но и вака тој успева да го предводи Феникс до биланс од 8-9 што е добра стартна позиција за атак на место во плејофот.

Ноќеска Букер ќе има одличен предизвик да се натпреварува со Дончиќ и да се обиде да биде поефикасен од гостинската ѕвезда од Далас. Очекуваме спектакл и кош-шоу и на Букер и на Дончиќ.

Предлог тип: >26.5 поени (2.00)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести